Вработување во 2022 година


При крај сме на 1 квартал од 2022 година и веќе многу компании се екипираат за извршување на своите задачи, реализација на проекти и наоѓање на нови клиенти.

Ние како bintern.com, платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа им стоиме на располагање на компаниите со цел полесно да го пронајдат соодветниот кадар за нивните работни позиции.

Платформата bintern.com, лансирана е пред скоро 11 месеци и во изминатиот период се прошири низ цела Македонија и пошироко со кандидати од различни области и знаења.

На компаниите кои се корисници на bintern.com им ги нудиме следниве бенефиции:


База со кандидати

Во моментот на bintern.com се имаат регистрирано повеќе од 3200 кандидати кои се во потрага по кариерни можности. Токму еден од тие кандидати може да биде вашиот иден вработен.

Огласување

Им овозможуваме на компаниите да објават огласи за работа и пракса со цел кандидати да се информираат за можностите кои ги нудат компаниите и да аплицираат на истите.

Алгоритам за пребарување

Со овој алгоритам односно алатка им овозможуваме на компаниите на брз и едноставен начин да стигнат до потенцијални кандидати. Преку алгоритамското пребарување компаниите добиваат листа на профили на кандидати кои се совпаѓаат според направеното пребарување. Секој кандидат има свој профил и прикачува свое CV кое е достапно за компаниите корисници на платформата.

Комуникација со кандидати

На компаниите покрај тоа што можат да пронајдат соодветен кандидат при алгоритамско пребарување платформата bintern.com им овозможува и комуникација преку chat. Исто така имаме и алатка за канење на кандидат на оглас и покана за интервју. На овој начин се воспоставува двонасочна комуникација помеѓу компанијата и кандидатот.

Доколку сте заинтересирани да ја пробате платформата bintern.com како функционира, тогаш регистрирајте ваш профил.

За повеќе информации обратете се на contact@bintern.com