0

Интернационален Картичен Систем - КаСис АД Скопје работа

објавува оглас за Customer Service Specialist

Огласот е завршен!

Позиции:   

1

Локација:   

Скопје

Следбеници
5

ТЕХНИЧАР ЗА ПОМОШ НА КОРИСНИЦИТЕ  Техничарот за помош на корисниците во КаСис е личност која знае трпеливо да комуницира на највисоко ниво и е исклучиво способен за тимска работа.  Образованието кое го има стекнато е најмалку средна стручна подготовка – техничко образование е предност.  Личност која на работата под притисок и справувањето со повеќе работи во исто време, гледа како на предизвик.  Одговорна личност, чија точност и разбирливост во работењето ќе бидат високо ценети во рамките на компанијата.  Добрите организациски вештини, личниот интегритет и професионалниот однос се наше бизнис секојдневие.  Нашиот иден Техничар го владее англискиот јазик (читање и пишување), и не се двоуми да се впушти во жива конверзација на англиски јазик. Со кои дневни обврски ќе се соочи нашиот нов Техничар во Дежурниот Центар на КаСис?  Комуникација со банки (детали за трансакции, промена на статус и дневни лимити на картички, проверка на состојби на сметки, информации за задржани картички, итн.);  Комуникација со клиенти (итни блокади на картички, проверки за одобрени/одбиени трансакции, консултации при проблеми или манипулации при картичното работење);  Комуникација со трговци (проверка при рекламација во реализирањето на трансакцијата на нивниот терминал);  Вршење мониторинг на системите, мрежата на банкомати, комуникациските линии и фајловите што се разменуваат со сите страни;  Основни компјутерски вештини – претходно искуство во работење со разни апликации е предност.  Прилагодување на сменско работење (24/7), согласно подготвениот распоред за работа.

Потребни вештини:

Тимска работа


Огласот е завршен!

Дали имате некое прашање?

Поставете прашање
Интернационален Картичен Систем - КаСис АД Скопје

CaSys International provides operational maintenance of card processing, development and i...

Локација: Скопје


Отвори профил