0

Фх3х работа

објавува оглас за 3D Artist

Огласот е завршен!

Позиции:   

20

Локација:   

Скопје

Следбеници
9

📣 СТИПЕНДИРАНИ ОБУКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ👇 Компанијата Fx3x е домашна компанија што веќе 25 години е дел од сите големи филмски проекти на Холивуд. Со цел поддршка на младите амбициозни луѓе што сакаат постојано да учат, да се надградуваат и да осознаваат нови вештини и искуства, во партнерство со врвно светско студио за визуелни ефекти и анимација Fx3x обезбедува стипендии во вредност од по 3.000 евра за специјализирани обуки на 60 најдобри кандидати. Уписите се отворени до 15 јули, а добредојдени се сите млади креативци со или без искуство. Обуките ќе се реализираат во школата на Fx3x за визуелни ефекти и анимација на VFX Nest, а се организирани во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот. Предвидено е да се спроведат во две главни области, и тоа Визуелни ефекти за филм и 3D моделирање и анимација, секоја со по 450 часа предвидени за предавања и 100 часа предвидени за практични вежби и самостојна работа. Обуките ќе ги изведуваат најдобрите домашни ментори со искуство на најпрестижните проекти во индустријата, а овој пат ќе се вклучат и врвни тренери од една од најголемите светски компании за визуелни ефекти и анимација, со цел за само пет до шест месеци да ги остручат учесниците за директно вработување. Планирано е обуките да се одржуваат хибридно, во живо и онлајн, со можност учесниците надвор од Скопје да следат поголем дел од програмата онлајн. УПИСЕН РОК: до 15ти јули 2022. Кандидатите ќе бидат селектирани преку преглед на доставени материјали, разговор со кариерен советник и сениор артист. ТЕРМИНИ: 1 септември 2022 - 15 јануари 2023, 10:00-14:00 ч. или 17:30-21:30 ч., од понеделник до петок ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: [] РЕДОВНА ЦЕНА: 3.680 евра СТИПЕНДИЈА: 3.000 евра за избраните кандидати со сериозен интерес да се посветат на обуките и да градат кариера во Fx3x ПАРТИЦИПАЦИЈА: 680 евра (на 6 до 8 рати за ран упис до 31 јули 2022) 📣 ВКЛУЧЕНО: За сите кандидати кои редовно и успешно ќе ги завршат обуките и ќе го положат финалниот тест ќе биде обезбедено работно место 🧑‍🎨 🧑‍💻 во Fx3x, со можност за натамошен напредок во кариерата, како и интернационална кариера и во рамки на партнерската компанија од светски ранг. ПРЕТХОДНО ИСКУСТВО: Кандидатите се очекува да имаат интерес/афинитет во една од областите, а заради полесно совладување на материјалот пожелно е да имаат и основно знаење/искуство во софтвери за обработка на слики, но не е неопходно. ПОВЕЌЕ ИНФО: [] и [] Контакт: 078 80 19 51 и 070 36 54 36

Потребни вештини:

Креативност


Огласот е завршен!

Дали имате некое прашање?

Поставете прашање
Фх3х

Компанијата Fx3x е домашна компанија којашто веќе 25 години е дел од сите големи филмски п...

Број на вработени: над 50

Локација: Скопје


Отвори профил