Виртуелен саем за пракса

Виртуелниот саем за практиканство е три дневен настан кој ќе се одржи од 16-ти до 18-ти Мај 2022 година. Целта на саемот е поврзување на што поголем број студенти и дипломци со компании за пракса и работа од цела Македонија.

Организатор на настанот е bintern.com, првата македонска платформа која поврзува компании со млади кадри за пракса и вработување.

Најдоброто време да се засади дрво беше пред 20 години, а следното најдобро време е денес! - Кинеска поговорка.

Инвестирањето во млад кадар, односно практиканти е најважното нешто што треба да го прави компанијата. Вашите денешни практиканти ќе прераснат во вработени кои ќе ја водат компанијата напред.

Бидете дел од овој незаборавен настан и стекнете се со нови контакти од цела Македонија. Преку саемот очекуваме склучување на многу успешни соработки помеѓу компаниите со студентите и дипломците.

Доколку сте заинтересирани да присуствувате на саемот тогаш пријавете се на следниот линк https://vfair.bintern.com/.
За повеќе информации обратете се на contact@bintern.com или +389 75 321 496.