Важноста на практиканството за компаниите


Процесот на кариерно патување најчесто започнува со практиканство, а не со со Full-time job. За многу млади луѓе, наоѓањето на работа може да биде донекаде застрашувачка задача, посебно ако нема работно искуство. Статистичките податоци за последниве 10 години покажуваат дека околу 90% од младите луѓе во Македонија со завршено средно образование се запишале на факултет. Но, статистиката исто така покажува дека новите академски граѓани тешко наоѓаат работа. Вознемирувачки аспект од ова е дека, со цел да се здобијат со потребни квалификации, дополнително практично знаење и експертиза тие мора да се вработат, а сите компании бараат луѓе со работно искуство. Праксата е таа која овозможува зголемување на вредноста на младите луѓе на пазарот на трудот.

Анганжманот на практиканти во компаниите би се одразил позитивно на секојдневното работење. Бенефити за компаниите од ангажирање на практиканти се:

●       Вработените во компанијата ќе можат да ги делегираат оние работни задачи кои им одземаат многу часови од работното време, и се помалку интересни за нив, ќе можат да се фокусираат на поважните аспекти од нивното работење, кои се круцијални за успехот и напредокот на компанијата.
●        Практикантите може да се гледаат како „свежа крв“, кои преку своите идеи и нови знаења можат да допринесат многу во работењето на компанијата.
●        Можност за развој на кадри според политиката и филозофијата на компанијата кои ќе пораснат во духот на истата. Резултатот води кон поголем придонес и за двете страни.
●        Компаниите ја добиваат потребната помош за минимални или пак никакви трошоци.
●        Практиканството може директно да влијае на намалување на стапката на невработеност во нашата држава.

Би сакале да им порачаме на сите припадници од бизнис секторот да се работи што повеќе на обезбедување пристап на младите луѓе во една реална работна средина, каде што ќе може да им се пренесе нашето знаење и искуство, и ќе можеме да ги подготвиме за вистинските предизвици кои следат понатаму во градењето на нивните кариери.   

Еден од практикантите кои сме ги имале во нашата компанија рече-„Разликата во работењето на проекти на факултет и овде е тоа што тука работам на работи од кои зависат други луѓе со што се зголемува одговорноста, а воедно и гледам како некои работи што сум ги направил се имплементираат и со тоа сум уште позадоволен“- .

Доколку на вашата компанија и е потребен млад и иновативен кадар, учествувајте на нашиот Виртуелен саем за практиканство.
Ве поздравува вашата блогерка м-р Јасна Весиќ.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com