Успешна приказна на еден средношколец

Секој средношколец при завршните години се запрашува каде и како понатаму 🤷‍♂️. Некои избираат да работат, некои да продолжат да студираат независно од тоа практичното знаење кое се стекнува во одреден период од животот и тоа како е драгоцено🧏‍♂️.



Денес ќе ви зборуваме за Ангел Ивановски средношколец во средното техничко училиште СОТУ ,,Ѓорги Наумов" - Битола кој во Септември ќе биде 4-та а и воедно завршна година од едно средношколско патување. Тој како амбициозна личност се одлучи да започне со практиканство уште од многу мала возраст и притоа си поразговаравме со Ангел за тоа каде е и што прави тој денес кој успешно ја заврши праксата во Бинтерн.

Здраво Ангел 😊 Претстави се на идните корисници и раскажи нѝ нешто повеќе за себе.

Здраво 😃 Јас сум Ангел како што знаете средношколец во 3 година во средното техничко училиште СОТУ ,,Ѓорги Наумов" - Битола и активен барател на пракса од областа на Front-end програмирањето.

Како активен корисник на платформата на Бинтерн најпрво би те запрашале како дозна за истата и што те потикна да креираш профил.

За платформата дознав на социјалните медиуми, а креирав профил за следење и информирање во врска со огласите на вашата платформа, како и аплицирање на истите и слично.

Дали досега научи нешто и што те поттикна како средношколец да започнеш на пракса ?

Се разбира дека да научив, секој кој би пробал би научил👌. Според мене сметам дека што порано, тоа подобро е да се гледа кон иднината, а најдобрата иднина ја нуди оваа Бинтерн платформа.

Дали и колку се заинтересирани средношколците за пракса со оглед на тоа што доаѓаш од средно стручно училиште?

Има заинтересирани, но за жал нивниот број е премал, и поради тоа сметам дека е потребно поголемо вложување на државата се со цел за да се поттикне интересот на средношколците кои се во завршни години да започнат да посетуваат пракса.

Дали професорите во средно ве поттикнуваат да одете на пракса и колкава е свесноста за стекнување на практично знаење од страна на средношколците?

Повеќето професори не фокусираат кон учење на нивните предмети, одколку што не поттикнуваат за пракса, но во нашето училиште има одреден број кој не насочуваат каде и како да бараме пракса но и како да се насочиме понатаму што е и за пофалба како и голем плус на нашето училиште 🙌. Голем број од средношколците се незаинтересирани во врска со стекнувањето на практичното знаење.

Како ти како поединец како би ги поттикнал средношколците да започнат да посетуваат пракса?

Што порано започнат со пракса, тоа повеќе ќе имаат знаења од другите соученици, ќе се стекнат на многу мала возраст со работа на реални проекти како и праксата се разбира дека е од голем плус во вашето CV и компаниите и тоа како го ценат.
Погледни ги и ти некои од огласите на нашата платформа

Дали е едноставен начинот на аплицирање и креирање на профил на Бинтерн?

Бинтерн го нуди наједноставниот, најдобриот и најбрзиот начин на креирање профил, пронаоѓање на соодветен оглас и аплицирање на истиот оглас.

И за крај што би и препорачала на идните средношколци кои се двоумат дали да започнат да одат на пракса?

Им препорачал да не се двоумат, туку веднаш да започнат, бидејќи ништо не губат, а многу добиваат👨‍🎓.