Успешната приказна на средношколецот Јован

Секој средношколец при доаѓањето во завршните години од своето образование се прашува каде и како понатаму. Дали да продолжи своето образование или да почни некаде да работи.

Некои избираат да работат, некои да продолжат да студираат независно од тоа практичното знаење кое се стекнува во одреден период од животот и тоа како е драгоцено.

Денес ќе ви зборуваме за средношколецот Јован кои избра да посетува пракса во Бинтерн со цел да си стекне со работни навики, но и да го збогати своето знаење. По завршувањето на неговата пракса му поставивме неколку прашања на Јован со цел да дознаеме нешто повеќе за неговото искуство кое го стекна во Бинтерн и за тоа како му помина праксата и дали научи нешто повеќе.

  • Здраво Јован, најпрво претстави ни се. Кажи нешто повеќе за тебе.

Здраво . Се викам Јован Василевски , ученик ( практикант )  од гимназијата Јосип Броз Тито . Желбата за програмирање кај мене се појави уште на 10 годишна возраст , но поради возраста немав можност да посетувам пракса или некаков курс . Но сега,  благодарение на Бинтерн успеав да ја започнам својата авантура во светот на ИТ-индустријата .

  • Дали до сега научи нешто што те поттикна како средношколец да посетуваш пракса?

Секако дека да .  Искуството што го добив од Бинтерн е незаменливо и од големо значење за мене како предуслов за успех во кариерата , како во областа на програмирањето , така и во одделот за тимска соработка , комуникациски вештини , претприемништво ...

  • Дали и колку се заинтересирани средношколците за пракса?

Колку што знам , во моето училиште има доста интерес за информатичките науки , но одлуката за посетување на пракса е избор на учениците . Доколку би побарале совет , би им препорачал да посетуваат пракса  пред се за нивно добро затоа што кога имате некого со кого можете да комуницирате, не само што добивате знаење , туку и давате знаење подоцна на идни практиканти и ентузијасти ,  за разлика од учење на сопствен начин во кој јас не се пронајдов поради обемната содржина на интернет . Би сакал да им се заблагодарам на целиот персонал на БИНТЕРН за целосната поддршка во изминатиот период , а секој што е заинтересиран да аплицира  за пракса или работа , срдечно им препорачувам тоа да го направат во Бинтерн.

  • Дали професорите во вашето училиште ве поттикнуваат да одите на пракса и колкава е свесноста за стекнување на практично знаење кај средношколците?

Со оглед на тоа што учам во гимназиско училиште каде што повеќе се става акцент на  теориско наместо практично знаење , желбата на професорите да ги поттикнат учениците да посетуваат пракса е многу мала, скоро и да не се зборува на таа тема . Исклучок е изборниот предмет информатичка технологија каде што за време на учебната година добивавме и материјали за учење од надворешни извори како YouТube и Google.

  • Како ти како поединец би ги поттикнал средношколците да посетуваат пракса?

Како практикант , би ги поттикнал на начин што ќе им објаснам за предностите на посетување пракса како стекнување  практично знаење  и градење на сопствено Портфолио како поддршка покрај сертификат/диплома , помош при различни пречки и побрзо надминување на истите кои се предизвикувачки и често присутни , но не и ненадминливи , туку мотив да се подобруваме уште повеќе како професионалци /практиканти и личности.

  • Што би им препорачал на средношколците кои се двоумат дали да посетуваат пракса?

Би им препорачал слободно да ја следат својата интуиција и да го направат тоа што е можно побрзо или народски кажано "Да го скршат мразот " ,  затоа што само така ќе ја донесат правилната одлука со тоа што ќе бидат чекор поблиску до својата работа од соништата.

Jован исто  така се води и од една мисла на Волт Дизни која гласи вака: "Сите наши соништа можат да се остварат, ако имаме храброст да ги оствариме“.

Затоа Bintern е потребен за да ја започнете вашата успешна приказна, односно да ги остварите вашите соништа.

Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com