Успешна приказна за пракса на Елена Трајковиќ

Денес ќе ви зборуваме за уште една од многуте успешни приказни на корисниците на платформата на Бинтерн. Во ова интервју разговаравме со Елена Трајковиќ која е студент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.
Нејзината приказна започна токму во Бинтерн каде беше практикант, но подоцна со успешно организираниот Јobathon од страна на Бинтерн таа успеа да си пронајде ново место за пракса во Code Academy, односно еден од ко-организаторите на тој Јоbathon.
Имено, со самата пракса во Бинтерн и организацијата на тој Jobathon како што истакна и самата Елена и се отворила можноста својaта пракса да ја продолжи во Code Academy. Со цел да дознаеме нешто повеќе и поставивме неколку прашања.

-За почеток претстави ни се!

Здраво! Јас сум Елена, студент на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во Скопје.

-Како дозна за платформата Бинтерн и што те мотивираше да се регистрираш?

За Бинтерн дознав преку Инстаграм, во вистинскиот момент кога бев во потрага по пракса. Начинот на аплицирање на огласи е едноставен и јасен, па веднаш креирав профил и почнав да аплицирам.

-Зошто одлучи да аплицираш на огласот за маркетинг агент во Бинтерн?

Областа на маркетинг ми звучеше примамливо, и сакав да научам нешто повеќе. Истовремено маркетингот е секако поврзан и со дизајнот на содржината, што е мојата посакувана професија.

-Што научи од твоето искуство како практикант во Бинтерн и како тоа ти помогна да добиеш пракса во Code Academy?

Како што веќе знаете, Бинтерн и Code Academy организираа Jobathon – одличен настан за кодирање. Јас бев испратена како претставник на Бинтерн да помогнам во организацијата на настанот. Ангела Соколовска - cofounder на Code Academy ми дaваше задачи во текот на денот. Со креативноста и начинот на кој ги завршив истите, таа го согледа мојот талент за дизајн.

-Објасни ни нешто повеќе за твојата нова пракса!

На мојата нова пракса сум задолжена за графички и UX/UI дизајн. Работам во Adobe Photoshop, Adobe Illustrator и Adobe XD, под менторство на Давид Стојанов – UX/UI Дизајнер во Code Academy.

-Што би им препорачала на сите оние кои бараат пракса или работа?  

Не се откажувајте и бидете амбициозни. Трудот секогаш се вреднува.

Затоа Bintern е потребен за да ја започнете вашата успешна приказна.  

Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com