Успешна приказна - Кирил Поповски

Денес ќе ви зборуваме за уште една од многуте успешни приказни кои ни доаѓаат од нашите корисници. Во ова интервју имавме чест да зборуваме со Кирил Поповски - студент од трета година на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. Тој беше активен барател на пракса во областа на front-end development, и можеме да потврдиме дека успешно ја реализира.

Си поразговаравме со Кирил за неговата успешна приказна во Inbox како front-end developer. 👨‍💻 Овие се дел од прашањата на кои ни одговори Кирил.

Како разбра за Бинтерн платформата и што те поттикна да креираш профил на истата?

- За Бинтерн разбрав од социјалните мрежи. Гледав дека има потенцијал да биде успешна и сакав да пробам.

Дали е едноставен начинот на аплицирање и креирање на профил на Бинтерн?

- Да, начинот за креирање на профил на Бинтерн е едноставен има неколку полиња кои мора да се пополнат.

Што те поттикна да аплицираш на огласот од Inbox - Archive and Data Center?

-  Јас аплицирав во Inbox поради тоа што имаше оглас за front-end developer. Сакав да добијам шанса да бидам дел од нивниот тим и да видам како изгледа работата во реален сектор.

Што научи од твоето искуство како практикант?

- Некогаш иако мислам дека се е совршено испланирано големи се шансите да не функционира како што било замислено. Исто така многу добро искуството е да научиш како да функционираш во тим и да работиш тимски на проекти.

Што би им препорачал на студенти кои се двоумат дали да одат на пракса?

-  Нормално, би им препорачал да одат на пракса доколку имаат време и можност да ги завршат обврските и на факултет и на пракса. Покрај тоа со пракса се добива искуство како се работи во реален сектор.

👉 Креирај и ти профил на Бинтерн и биди една од успешните приказни!