Програмер како професија

Најпрво би сакала малку подетално да ве информирам за тоа што значи поимот програмер.

Компјутерски програмер, понекогаш наречен развивач на софтвер, програмер или од неодамна и кодер(особено во неформалните контексти), е лице кое создава компјутерски софтвер. Терминот компјутерски програмер може да се однесува на специјалист во една област на компјутери или на генералист кој пишува код за многу видови на софтвер.

Програмерите се срцето на секоја современa компанија.

Најчеста форма на работа за еден програмер е работа во тим или група под надзор од сениор програмер. Тој е исто така и тим лидер, одговорен за целиот проект и тимот кој работи на него.

Задачата на програмерите е да ги искористат добиените инструкции, да одберат кој е најефективен начин за да ја извршат задачата и притоа да одлучат како ќе го структуираат и напишат кодот. Постојат многу битни фактори за ефективна и ефикасна работа на еден програмер, меѓу кои и добро структуиран и јасно напишан код, како и комуникациски вештини.

Најчесто добар програмер е и експерт во пронаоѓање на начини како да се стигне до решението на одреден проблем, како и склопување на повеќе компоненти за да се исполнат сите барања. Неговата работа е имплементација на одредени инструкции, а не одлучување на тоа како да се гради продуктот/услугата.

Програмерите превземаат идеи од други луѓе и пренесуваат тоа во јасен и ефективен код. Тие се исто така одговорни за тестирање на кодот кој го пишуваат.
Компјутерските програмери пишуваат, тестираат, отстрануваат грешки и одржуваат детални упатства, наречени компјутерски програми, што компјутерите мора да ги следат за да ги извршуваат своите функции. Програмерите, исто така, замислуваат, дизајнираат и тестираат логички структури за решавање проблеми преку компјутер. Многу технички иновации во програмирањето - напредни компјутерски технологии и софистицирани нови јазици и програмски алатки - ја редефинираа улогата на програмер и подигнаа голем дел од програмската работа направена денес. Насловите и описите на работните места може да се разликуваат, во зависност од организацијата.

Многу често се прави забуна и се помешуваат термините програмер и девелопер.

Разликата во однос на девелопер и програмер е обемот на работата.

Додека програмерите работат на одреден дел на проект, девелоперите се повеќе инволвирани и размислуваат на целокупниот проект.

Битно е да се напомене дека девелоперите и софвтерските инжинери се исто така програмери.

Разликата е што девелоперите, заедно со пишување на код, исто така се и ангажираат во врска со:

Најмотивирачки фактор за започнување кариера како програмер е платата. Моментално платите во дигиталниот сектор во кој спаѓаат и програмерските плати се едни од највисоките како кај нас така и општо во Европа, па и на глобално ниво во светски рамки.

Најдобра причина зошто да се одлучите за програмерска кариера е тоа што оваа професија има голема побарувачка и многу можности.Тоа е така бидејќи светот во кој  живееме се повеќе се дигитализира и ние како општество стануваме се позависни од техонологијата. Затоа секојдневно се зголемува бројот на отворени работни места за оваа професија.

Една од најдобрите бенефити што програмирањето го носи со себе е тоа што можеш да изградиш скоро сè што ќе посакаш. Може да биде од апликација за мерење на пулс, до апликација која ти служи за да ти покаже дали некоја личност е твоја роднина или не.

Програмирањето ја има таа моќ да ти го зголеми твојот потенцијал, со тоа што отвара голем број на врати.

Една од интересните предности кои програмирањето ги носи со себе е можноста да работиш како freelancer. Тоа значи дека можеш да правиш се што ќе наумиш:

- Да работиш од дома во пижами

- Да работиш од хотел, патувајќи низ светот

- Да работиш од твојот омилен кафич

- Да работиш од кола после вежбање јога во Тајланд…

Работењето во движење ти дава слобода слобода да одлучиш кога и каде ќе работиш.

Тоа е одличен начин  како да одржиш совршена хармонија помеѓу работата и приватниот живот.

Комбинацијата на логика, упорност и трпеливост води кон посакуваните резултати.

Сигурна сум дека ви дадов доволно инспирација за да размислите за тоа дали професијата програмер е нешто што ве привлекува и вас.
Ве поздравува вашата блогерка м-р Јасна Весиќ.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com