Видови на лидери

Сите ние сме лидери во нешто. Некој е лидер сам на себе, некој е лидер на работното место, некој во домот…Сите се раѓаме со празна табла во главата и од нашите родители зависи како ќе започне пополнувањето на содржината на таблата. Животниот пат на секој човек е главниот креатор на содржината која останува најдолго запишана на таа табла. Секој се раѓа со предуслов да биде лидер, но некој едноставно ја отфрла таа животна позиција и си пронаоѓа нова. Сите сме ја слушнале изреката дека лидер не се станува туку лидер се раѓа. Тоа најчесто се поврзува со големите лидери, односно со лидерите кои се земаат за пример кога се зборува на тема лидерство.

Кога се зборува за лидери на работното место најчесто се мисли за “главните фаци” во една фирма како сопственикот и директорот (најчесто овие два назива се однесуваат на иста личност, барем кај нас е така во Македонија). Иако сите во глобала имаме перцепција дека лидерите се строги и недостапни за останатите вработени кои се од подолните структури во хиерархијата на работењето во една компанија, сепак праксата од поново време покажува дека лидерите се опуштени, друштвени и комуникативни личности кои соработуваат со сите сектори од компанијата. За да биде еден лидер добро отценет од широката маса на вработени во една компанија тој треба да поседува одредени карактеристики од кои како најважни би ги издвоила ефикасното слушање и зборување и да поседува емоционална интелегенција.

  

Секој лидер треба да знае ефективно да слуша односно да биде посветен на својот соговорник од аспект на внимание и насоченост. Треба да слуша без прекинување, со внимание и да избегнува да донесува судови за тоа што го кажува неговиот соговорник. Кога зборува лидерот треба да биде конкретен,прецизен и јасен за да може секој да го разбере. Треба да се зборува директно и сигурно, но не со нота на ароганција и непочит. Секогаш лидерот кога зборува треба со почит да се обраќа кон неговите  слушатели и да даде простор и другите да дадат мислење за темата која е сервирана на сцената за разговор. Емоционалната интелегенција е нешто на кое треба секој човек да поработи бидејќи не секој се раѓа со високо развиена емоционална интелегенција. Според мене емоционалната интелегенција треба да е  неизбежен дел од карактерните црти на секој лидер, а посебно од лидерите кои се стремат да достигнат повисока позиција на скалата на успешни и почитувани лидери.

Кога зборуваме за видови на лидери мора да се каже дека постојат повеќе поделби но најчесто е користена следнава поделба:

“Авторитарен” лидер:

 • Го идентификува проблемот, разгледува алтернативни решенија, избира едно и им кажува на тие што го следат како треба да постапат.

 • Може или не мора да зема предвид што мисли групата за одлуката, но тие секако не учествуваат во донесувањето одлуки.

 • Доделува улоги.

 • Се потпира првенствено на сопствените оценки.

 “Убедувачки” лидер: 

• Ги донесува одлуките без консултација со групата. Наместо просто да ја соопшти одлуката тој се обидува да ги убеди членовите на групата да ја прифатат одлуката.

 • Објаснува дека одлуката одговара на интересите на сите.

“Консултативен” лидер: • И дава шанса на групата да влијае на одлуката од почеток.

 • Го претставува проблемот и ги прашува членовите за идеи за решение. 

• Може да понуди можно решение за да ја види реакцијата на членовите на групата. 

• Го одбира решението кое членовите го сметаат дека дава наголеми шанси за успех. 

„Партиципативен„ лидер

• Учествува во дискусиите како член и однапред се согласува да ја одбере одлуката која групата ќе ја донесе. 

• Поттикнува групни одлуки.

 • Дозволува индивидуално истакнување

 • Се стреми да води, не да владее.


Секој од овие видови на лидери односно стилови на лидерство се соодветни за различни групирања на вработените. Не секој од овие лидери може да биде соодветен за различна група на вработени. Во продлжение прочитајте кој вид на лидерство е соодветен за дадена ситуација.

Авторитарниот и Убедувачкиот стил на лидерство најмногу преовладуваат: 

• Во големи групи, 

• Во пасивни групи,

 • Во групи кои ретко се среќаваат,

 • Кога треба брзо решение или да се запази рок.

 Консултативниот стил на лидерство е најефикасен или преовладува

• Во големи групи,

 • Во мотивирани групи,

 • Во организирани групи 

Партиципативниот стил на лидерство најмногу преовладува и е најефикасен: 

• Во мали групи,

• Во високомотивирани групи, 

• Во групи кои имаат релативно висока потреба од независност,

• Во групи каде членовите го имаат потребното знаење и искуство за да се справат со проблемот, 

• Во групи каде членовите очекуваат заедничко донесување одлуки. 

Секој еден вработен без разлика на тоа која е позицијата која ќе ја води, треба да истражи за својот лидер кој е од аспект на тоа на кој вид на лидери му припаѓа за да може да се постави во однос на фреквенцијата од лидерот. Кога однапред би знаел со кој тип на “машиновозач” ќе се судриш на патот кон кариерното воздигнување, сигурна сум дека многу полесно ќе се ориентираш во работата и многу подобро ќе го менаџираш стресот на работното место без да се плашиш дека можен мобинг е во близина.

Ве поздравува вашиот блогер м-р Јасна Весиќ.

Bintern е платформа која ви ги дава најдобрите блогови, а воедно студентите и дипломците ги поврзува со компании за работа.

Регистрирај се на bintern.com.