Успешната приказна на Трајче во 42Dynamics

Денеска, ќе ви претставиме уште една од низата успешни приказни на bintern.com. Ќе разговараме со Трајче Ифтимов, кој пронајде пракса за Microsoft Dynamics 365FO Developer во 42Dynamics.

Најпрво ќе започнеме со прашањата кои ги имаме за Трајче, кој беше дел од Виртуелниот саем за пракса во мај 2022 година и како корисник на платформата bintern.com бараше пракса во некоја компанија.

1. Здраво Трајче, кажи ни повеќе за тебе.

Здраво, јас сум Трајче Ифтимов, 24години од Кавадарци. Студент сум на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје, во завршните години на студиите. Моментално работам како практикант (Dynamics 365 Developer Intern) во 42Dynamics.

2. Зошто ја избра оваа професија?

Уште од мала возраст имав голем интерес кон игри и компјутери. При избор на средно училиште и факултет веќе знаев дека информатика е патот кој сакам да го одам.

3. Како изгледаше твојот процес за барање на пракса?

Аплицирав во повеќе компании. Тежок процес каде што се решаваа приемни задачи, интервјуа, огромна конкуренција за практиканство, за после 2 месеци успешно започнав со помош на виртуелниот саем огранизиран од Бинтерн.

4. Како сега изгледа твојот работен ден во 42Dynamics?

Со почеток од 9 до 3 часот, ден исполнет со нови предизвици, многу нови знаења, комуникација, ментори кои се секогаш тука за нашите прашања.

5. На кој начин дозна за Бинтерн и како ти помогна да ја започнеш кариерата?

После неколку апликации за пракса, преку социјалните мрежи дознав за Бинтерн платформата која ги спојува студентите со работодавците. Потоа беше организиран виртуелен саем за практиканство на кој решив да аплицирам за неколку дена подоцна да добијам интервју и започнам со пракса.

6. Што би им препорачал на другите студенти и дипломци кои бараат пракса или работа?

Аплицирајте.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за праска и вработување. Регистрирајте се веднаш на bintern.com.