Успешната приказна на Петар во Kimicom


Уште една од многуте успешни приказни кои ги оствари Bintern, преку поврзување на компаниите со потенцијални вработени и практиканти. Денеска ќе прочитате за тоа како Kimicom стигна до вработен преку користење на платформата.


Димитар: Најпрво претставете ни се вие и вашата компанија...

Марија: Прво да Ви посакам Среќна и успешна Нова 2022 – исполнета со предизвици со кои ќе прераснете во препознатлив македонски бренд.
Јас сум човек кој ги сака нови предизвици кои ни ја тестираат интелигенцијата и прагот на отпорност.

Се радувам на понеделниците и компликациите кои ги носи затоа што сакам да решавам проблеми, кои ги има на секое работно место. Менаџерската позиција во Kimicom ми ја носи секојдневно возбудата да се соочувам со нови проекти од разлчни сектори и тоа ме движи и ми носи во нови непознати предизвици кои засега успешно ги совладуваме заедно со мојот тим.

Kimicom e Германски бренд – агенција за веб програмирање и маркетинг кој постои веќе 14 години, а во Македонија е основана во 2018 година. Основачот, Валентин Ристевски, е двигателот на двете компании – човекот кој ни ја даде довербата мене и на тимот Кimicom да ја водиме компанијата низ предизвиците и да ги оживуваме и представуваме нашите клиенти во дигиталниот свет.

Mенаџирањето на еден иновативен тим како мојот е голем предизвик за секој менаџер. За мене е многу важно секој вработен да се вклопува во тимот и да не создава дисбаланс. Затоа внимателно ги бираме нашите вработени и се грижиме за нивните потреби.


Димитар: Како одлучивте да ја користите Bintern платформата?

Марија: Kimicom е во постојан раст и потрага по нови членови на тимот па така и одлучив да ја користам вашата платформа и да проучам квалитетот на вашиот труд за кој Ви честитам.
Младиот тим на Bintern позитивно ме изненади со својата трудољубливост и посветеност и константно унапредување на своите услуги и понуди.

Димитар: Опишете ни го вашето искуство од соработката со Bintern...


Марија: При мојата прва соработка со Bintern го запознав Петар, кој е дел од мојот тим на работна позиција Front End developer, енергичен и желен за знаење, трудољубив и пред се колегијален. Bintern е платформа која ни е повеќе од потребна на ИТ компаниите – бидејќи сите се соочуваме со недостаток на стручен кадар, што е показател дека ние мораме да го створиме истиот односно да им дадеме шанса и на почетниците.

Мој совет за апликантите на Bintern е да се потрудат подобро да се представат себеси на платформата – неколку реченици кои ги пласираат на платформата можат да се пресудни за нивната иднина – нивното вработување.

Ќе си дозволам и да ги повикам сите ИТ компании да се приклучат на Bintern да им дадеме шанса на овие млади ентузијасти, развојот и напредокот на Bintern и соработката со работодавачите е круцијална за развојот на нашиот регион и за целата земја – начин како да ги задржиме младите овде , начин како да создадеме кадар кој ни е потребен, и да им докажеме на сите дека Македонија има паметни глави кои се грижат за доброто на младите генерации, компании кои се грижат за вработените.

Во продолжение ќе прочитате што ни одговори Петар за неговото искуство при барање на работа преку Bintern.


Димитар: Како дозна за платформата Bintern и што те мотивира да се регистрираш?

Петар: За Bintern дознав преку социјалните медиуми, во период кога не бев вработен – што секако е мотивација да се регистрирам и да ја проучам вашата платформа.

Димитар: Какво е твоето искуство со платформата на Bintern?

Петар: Позитивно – за краток период откако се регистрирав добив неколку покани за интервју и се вработив во Kimicom

Димитар: Што те поттикна да аплицираш на огласот за вработување?

Работната позиција која беше отворена во Kimicom соодветствуваше на моето знање.

Димитар: Што би им препорачал на останатите студенти и работобаратели кои се двоумат дали дa аплицираат на некој од огласите?

Петар: Јас не бев студент и не ја препорачувам платформата само на студенти туку на сите оние кои бараат работа или пракса, на оние со малку искуство, на оние без никакво работно искуство, на оние кои сакаат да го променат работното место заради било кои причини – им препорачувам да се представат себе си во најдобро светло преку своето CV на Bintern– никогаш незнаете која компанија ќе го отвори вашиот профил.


Bintern е првата платформа во Македонија која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа. Започни ја твојата кариера!
Регистрирај се на
bintern.com