Успешната приказна на Христијан


Бинтерн брои многу успешни приказни од студентите кои бараат пракса/работа. Денеска ќе прочитате за тоа како Seavus стигна до вработен преку користење на платформата.

1. Здраво Христијан, кажи ни повеќе за тебе.
- Здраво, јас сум Христијан Стојчески, студент и апсолвент на факултетот за информатички и комуникациски технологии Битола. Неколку од моите интереси се кодирање, вештачка интелигенција, автоматизација на процеси или накратко професии каде секој ден има некоја новост за која можеш да учиш. Секако, ваквите интереси се доста time-consuming и бараат големо количество на дисциплина и фокус за да се совладаат (ако и воопшто може да се каже дека можеш да научиш се за нив), па како “контра-интереси” преферирам утринско трчање, голема книга и добар филм.

2. Зошто ја избра оваа професија?  
- Како што реков, заинтересиран сум за доста работи во ИТ, а и поведен сум од мислата дека модерниот човек е “модерен” поради тоа што ги имаме направено/кодирано/дизајнирано сите системи кои ни помагаат во секојдневниот живот. Го поврзавме светот со социјалните мрежи и им дадовме глас дури и на немите, изградивме системи за предвидување користејќи вештачка интелигенција и сега можеме да предвидиме работи како што се временски непогоди и падови на берзата со речиси голема сигурност, се повеќе и повеќе ги автоматизираме алатките кои ги користиме секојдневно како што се автомобили, маркетинг, е-услуги... Прашањето би требало да биди – зошто да НЕ ја избереш оваа професија и да бидеш дел од подобрувањето на сегашните системи или да креираш нови?    

3. Како изгледаше твојот процес за барање на работа/пракса?
- Всушност прилично лесно, видов отворен оглас за Seavus Telecom Talent Program и аплицирав. Бинтерн беше местото каде го видов огласот и преку кој аплицирав, така да, фала Ви за тоа – должам.

4. Како сега изгледа твојот работен ден во Seаvus?   
- Работам како Junior Developer во Telecom дивизијата и сум опкружен со луѓе кои имаат долгогодишно искуство во технологиите кои јас сега имам прилика и привилегија да ги учам ,така да, многу сум благодарен на тоа што можам да ги наречам овие експерти мои колеги и ментори.

5. Совет за студентите кои бараат пракса/работа.
- Процесот на барање пракса за време на летниот распуст може да биде доста макотрпен и можам со сигурност да кажам и дека нема некоја посебна платформа за пракса на која можеш да ги видиш сите информации за каде точно аплицираш и кои се предусловите кои треба да ги исполниш. Бинтерн, денес е единствена платформа кој го решава овој проблем и со сигурност можам да кажам дека беше пионир и први го поставија прашањето “Кои компании бараат практиканти и како да стапам во контакт со нив?” и најдоа решение. Со тоа кажано, совет за сите активни баратели за пракса и работа и краток осврт на претходно кажаното, олеснете си го проблемот во потрагата и користете современи алатки, за кои, пред вас, креативните луѓе немале начин да го решат па затоа ја креирале платформата Бинтерн. Креирај профил, прикачи CV и буквално притисни едно копче за да аплицираш на огласот за кој си заинтересиран.

6. Зошто Бинтерн?
- Една од придобивките кои корисниците на Бинтерн ја имаат е тоа што имаат пристап до широк спектар на најразлични понуди, ако преферираш front-end сигурно има оглас за тоа, ако сакаш back-end, дизајн, тестирање... Сигурно ќе најдеш оглас. Во однос на подобрувањето само ќе кажам – never stop improving.