Успешната приказна на Петар во Xessable


Денеска, ќе ви претставиме уште една од низата успешни приказни на bintern.com. Ќе разговараме со Петар Узунов кој пронајде пракса за QA Automation во Xessable, и Неда Спасевска одговорното лице за HR & Recruitment во Xessable.

Најпрво ќе започнеме со прашањата кои ги имаме за Петар, кој како корисник на платформата bintern.com бараше пракса во некоја компанија.

Bintern: Здраво Петар, најпрво претстави ни се.

Петар: Здраво, јас сум Петар Узунов, студент на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии и во моментов завршувам трета година студии. Ентузијаст сум за стекнување нови знаења и вештини од областа на информациските технологии, а особено сум привлечен кон автоматско тестирање.

Bintern: Зошто ја избра професијата QA Automation?

Петар: Се одлучив да се насочувам кон оваа професија бидејќи сум љубопитен да осознам како функционираат одредени апликации, веб-сајтови и нивната позадина, развој на логичко и критичко размислување, решавање проблеми, што мене лично ме инспирира и поттикнува да се надоградувам себеси.

Bintern: Како изгледаше твојот процес за барање на пракса?

Петар: При крај на академската година почнав размислувам и активно да барам практикантска работа, со цел да почнам полека да навлегувам во професионалниот свет. Имав неколку неуспешни обиди на почеток, но платформата Bintern се покажа како доста корисна алатка во мојата потрага и еве, сега сум вработен како практикант за автоматско тестирање во Xessable.


Bintern: Како сега изгледа твојот работен ден во Xessable?

Петар: Работниот ден започнува во 08:30 часот и се почнува со дневен состанок каде резимираме што сме работеле претходниот ден и се договараме што ќе работиме во текот на денот. Согласно програмата за пракса, овој почетен период го користиме за запознавање со апликацијата, технологиите со кои се работи и тимот. Имаме посветени ментори кои работат непречено со нас и ни се достапни за прашања и консултации во текот на целиот ден. Секако, останува време и за забава на крајот на работниот ден.

Bintern: На кој начин дозна за Bintern и зошто се регистрира?

Петар: За Bintern дознав преку социјалните мрежи, поконкретно од instagram профилот на studentarijamk. Целта беше полесно вмрежување и наоѓање на практикантска работа.

Bintern: Што би им препорачал на другите студенти и дипломци кои бараат пракса или работа?

Петар: Јас сум сосема задоволен од платформата и топло би им препорачал на сите оние кои се во потрага по пракса или работа да се регистрираат на Bintern платформата, бидејќи навистина го олеснува процесот на барање на ангажман, пристапна е за користење и нуди можности за професионално развивање.

Продолжуваме со интервјуирање на Неда Спасевска одговорна за човечки ресурси во компанијата Xessable која ја користеше платфорамата како компанија.


Bintern: Најпрво претставете ни се вие и вашата компанија...

Неда: Здраво, јас сум Неда, одговорна за HR & Recruitment, 3,5 години дел од оператива и менаџмент во Xessable. Можеби најдобро ова прашање да оди кон мојот тим, веројатно подобро ќе ме претстават. Останатото е историја. Нашата Xessable прослави јубилеј оваа година, 5та година по ред, како сме на македонскиот пазар. Нашиот фокус и бизнис модел во оваа индустрија е попознат како outsourcing, што значи се грижиме да обезбедиме соодветен кадар од Македонија дедицирано на потребите за развој на софтвер на нашите клиенти кои доаѓаат најчесто од (Холандија, Германија). Градењето на капацитети е наша визија, се стремиме кон усовршување на процесите во Xessable, а притоа не забораваме да го правиме тоа заедно и забавно. Компанија чија култура и клима е позитивна, отворена и ориентирана кон добросостојба на сите во неа.

Bintern: Зошто вашата компанија е идеално место за пракса/работа?

Неда: Не би сакала да звучам претенциозно, сепак идеално е навистина збор со тежина. Настојуваме да се подобруваме и да учиме од грешките. Сепак можам одговорно да тврдам дека успеваме со нашиот пристап да помогнеме на нашите вработени или практиканти да научат нешто повеќе. Во 2019-та година, за првпат лансиравме практикантска програма, и дел од практикантите тогаш се дел од нас сега, а тоа многу ме радува. Сепак, она што е најважно e токму она што и ние како компанија, но и нашите ментори научија многу од нашите тогашни практиканти. Фидбекот кој го добивме и искуството не охрабрија и нас и нашите клиенти да креираме уште една интересна практикантска приказна оваа година.

Bintern: Како одлучивте да ја користите Bintern платформата, и на кој начин дознавте за Bintern?

Неда: Bintern, нам како компанија, но и мене лично како HR не ни бевте непознати, односно најчесто вмрежувањето е бесценето, па оттука и нашите релации на Linkedin и Macedonia 2025 не поврзаа понатаму. Решивме да ја надоградиме нашата стратегија со Bintern бидејќи беше освежување на пазарот, а ние сакаме да истражуваме и да поддржуваме млади компании.

Bintern: Колку апликанти добивте и за колку време?

Неда: Истражувавме 2 недели со Bintern. Не бев сосем сигурна дали ќе добиеме соодветни апликации, бидејќи позицијата се однесуваше на QA automation (со претходни знаења за C#) што и навистина беше тешко да се најде и препознае токму ваков профил на студенти. Добивме повеќе од 25+ апликации, сите достојни на побараните квалификации.

Bintern: Што би им препорачале на останатите студенти и работобаратели кои се двоумат дали дa аплицираат на некој од огласите?

Неда: Веројатно да не се двоумат. Одлична стратегија која ќе го олесни и потпомогне процесот на регрутација и селекција. Платформата на Bintern преставува функционална алатка за овој процес која заштедува многу енергија. Апсолутно да пробаат, ни успеа нам. Ни донесе дел од тимот на практиканти за 2022 година. Се надевам дека Bintern во иднина ќе овозможи и ќе ги охрабри сите кандидати да најдат соодветна компанија, точна информација и соодветен кариерен предизвик во иднина.
Win-win за сите, зар не?
Само напред Bintern.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за праска и вработување. Регистрирајте се веднаш на bintern.com.