Практикантска програма - Зошто е важна за компаниите?


Практикантските програми се еднакво важни за практикантите и за компаниите. Компаниите кои имаат практикантска програма се чекор напред во повеќе полиња, а ќе дознаете и зошто. Во следниот блог ќе прочитате: Зошто практикантските програми се исклучително важни за компаниите?

  1. Практикантите можат да станат ваши идни вработени

    Преку практиканската програма имате можност да ги тестирате практикантите, да го набљудувате начинот на кој работат, да увидите какви придонеси ќе имаат за компанијата и да донесете одлука дали да ги задржите во иднина. Не, само тоа туку и преку оваа програма доколку имате повеќе практиканти вработено можете да одберете кој најдобро се вклупоува во компанијата и да го вработите. На ваков начин не трошите време или пари на регрутери и огласи за вработување.

  2. Подолго можете да ги задржите во компанијата 

    Истражувањата покажуваат дека вработените во компанијата кои претходно биле практиканти во истата се задржувале и работеле подолго во таа компанија отколку вработените кои не посетувале таква програма. Кај практикантот со самото набљудување на неговата работа можете да заклучите дали уште долго ќе соработувате со него или не. Со другите вработени овој процес ви е ограничен.  Според статистиката, после пет години од вработувањето, 66% од практиканите останале да работат во истата компанија, а 48% од вработените ја напуштиле работата.

  3. Добивате нови идеи и гледишта од младите практиканти

    Практикантите се одличен начин за да добиете нови идеи и гледишта во вашата компанија. Тие обично имаат свежо стекнато знаење за индустријата и, во комбинација со нивниот став за работа, можат да бидат извор на креативни идеи и иновативни решенија. Затоа, не заборавајте да ги поттикнете да ги споделат своите мислења. Дајте им до знаење дека се бара и почитува нивната перспектива. 

  1. Подобрување на вештините за менаџирање на менаџерите 

    Добар начин за вашите нововработени менаџери или вработени кои планирате да ги унапредите е да ги вежбаат нивните менаџерски вештини со тоа што ќе им дадете можност да бидат ментор на некој практикант. Започнувањето со практикант често е помалку стресно од управувањето со долгогодишни вработени.Најголема придобивка е тоа што вашиот менаџерски персонал ќе ги развие своите вештини, ќе откријат како да станат подобри лидери на сегашните вработени преку менторирањето на практикантите.

  2. Спремни се да се докажат

    Една од многуте причини зошто практикантите се важни е тоа што тие се постојано насторени за да ги импресионираат и задоволат работодавците и да придонесат што повеќе за компанијата, со цел да бидат задржани. На ваков начин, дури и на оние практиканти на кои им се доделени наједноставните позиции и работни места, ќе се трудат дополнително да сработат нешто, да земат повеќе одговорнсти и повеќе да се покажат. Ова кај постојаните вработени е поретко бидејќи тие не треба да се обидуваат да ги импресионираат своите надредени на секој чекор.

  3. Одлична шанса да ги поддржите студентите

    Практикантската програма е корисна за двете страни. Работодавците ќе добијат дополнителна помош околу обврските во компанијата, а практикантите ќе се стекнат со искуство кое ќе им помогне во барањето на работа во иднина, но и ќе ги усовршат вештините кои ги стекнале на универзитетот.

    Ваквата програма е и можност компаниите да му возвратат на општеството и да им помогнат на младите денес, бидејќи на крајот на краиштата, нашата иднина е во нивни раце. Доколку не им се пружи шанса, тие нема да можат да се истакнат. 


Bintern е платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа. Регистрирајте се веднаш на bintern.com!