Инфлуенсерството како маркетинг алатка


Во денешно време на се поизразената употреба на ИТ технологијата во сите сфери на живеењето дигиталниот маркетинг станува неопходен дел од маркетинг-стратегијата на секоја компанија.Маркетинг специјалистите активно ја истражуваат и ја следат  маркетинг сферата и ги адаптираат своите маркетинг стратегии според најновите случувања од глобалните маркетинг трендови.Како дел од целокупниот маркетинг-микс инфлуенсерите играат важна улога во информирањето на публиката и полека но сигурно инфлуенсерството станува маркетинг алатка.

Инфлуенсер-маркетингот е професија во подем. Социјалните мрежи му дадоа поинаква димензија на маркетингот, пософистицирана. А пазарот полека открива дека купувачите го променија начинот на размислување и аголот на перцепција, сè помалку им веруваат на традиционалните форми на реклама, а сè повеќе претпочитаат да чујат персонални мислења за одреден производ или компанија, реално искуство, презентирано и испромовирано на поприроден начин.

Инфлуенсер-маркетингот е, всушност, приспособување на нешто што одамна било застапено, односно препораки од славни личности и поврзување со новите можности на дигиталните канали за комуникација.

Истовремено инфлуенсерите нудат лично, емотивно поврзување и засилена „од уста на уста“ комуникација преку каналите на социјалните мрежи. Сето тоа склопено дава одлична основа за продажба, па така нивниот развој е совршено надополнување на останатите маркетинг-напори на брендовите.

Потрошувачите стануваат сѐ посвесни за начините на кои некој им продава, но сепак комплетно не ја изгубиле довербата во старите форми на рекламирање и комуникација. Инфлуенсерите им се особено важни на Z - генерацијата која најчесто одлуката за купување ја носи според методот на идентификување со генерацијата, па така ако некој познат го користи или консумира нештото што го рекламира,младите сигурно ќе се решат да го купат нештото што инфлуенсерот(познатиот) го рекламира/промовира.

Откако се појавија социјалните мрежи и рекламирањето на нив во вид на таканаречената инфлуенсерска форма, голем дел од познатите лица станаа „подвижни билборди”.


Инфлуенсерството практично процвета во последните неколку години и постигна поголем ефект отколку некои други маркетинг алатки кои се користат подолго. Особено го забележуваме бумот во текот на 2020 година, кога разни бизниси запреа и многумина останаа без работа и почнаа да се занимаваат со креативни работи, па затоа го насочија фокусот кон ј инфлуенсерството. Со почетокот на корона пандемијата многу од јавните личности,а посебно пејачите останаа без работа односно без своите настапи и нивната борба за егзистенција им ја разбуде креативноста која ги насоче кон инфлуенсерството. Многу од инфлуенсерите започнаа од досада да се занимаваат со споделување и објавување на Инстаграм најразлични содржини, но со зголемувањето на бројот на следачи на нивните профили почнаа да добиваат понуди од најразлични компании за меѓусебна соработка која се разбира носи и финансиски бенифит за инфлуенсерите. Денес многу инфлуенсери имаат набиени цени па така за една објава за некој настан цените почнуваат од 300 евра па нагоре, во зависност од тоа во која сфера е насочен инфлуенсерот. Иако инфлуенсерството најпрво го перцепиравме како занимација за деца и млади, сепак излезе дека инфлуенсерството е на пат да стане една од 10те топ професии за 2022ра со тенденција да го задржи тој рејтинг и во следната година.


Иако се чини едноставно и наивно, да се биде влијателен е, всушност, малку покомплицирано. Пред да се одлучите да влезете во овој бизнис, имајте ги на ум овие работи кога се прашувате дали инфлуенсерството станува  вистинска професија? 

1. Заработката не доаѓа веднаш, ниту преку ноќ.

Инфлуенсерството започнува со креирање на еден профил на соц.мрежи но не застанува тука. Мора да се гради личниот бренд на инфлуенсерот, да се привлекува публика и да се работи стратегиски кон постигнување на целта односно станување на познат инфлуенсер кој ќе биде примамлив за компаниите за да го вклучат во нивните маркетинг стратегии.

2. Инвестирање на свои пари и чекање на првата „исплата“ е неизбежно.

Од почеток нема прилив на пари, прво се почнува со свои ресурси во смисол свој електронски уред,свој профил на социјалните мрежи,твој речник,твоја облека… Се работи посветено и се чека да се добие првата понуда за соработка со фирма која ќе го донесе првиот прилив на финансиски средства.

3. Работејќи го ова, станувате јавна личност.

Работејќи како инфлуенсер влегувате во етерот и веќе сте дел од листата на јавни личности, па затоа мој совет е паметно да делувате на социјалните мрежи, за да не станете негативна јавна личност која ќе биде покажана со прст.

4. Неизвесна иднина е исто така цената што треба да ја „платите“.

Бидејќи не се знае што носи иднинината и до каде ќе оди дигитализацијата, инфлуенсерството е неизвесно и не може унапред да се направат пресметки како ќе се движи еден инфлуенсер во иднина.

5. Ако навистина сакате да ја работите оваа работа како „вистинска професија“, тогаш треба да платите придонеси кон себе, да ги подмирите долговите кон државата, да размислите за здравствено и пензиско осигурување.

Исто како и другите фриленсери ако сака некој инфлуенсер да работи леглано односно да се води на списокот на вработени граѓани во Македонија треба да си плаќа придонеси за да може утре да има стаж за пензија.


Сигурна сум дека ви дадов доволно информации за да размислите дали инфлуенсерството го перцепирате како можна професија или маркетинг алатка. 

Bintern платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com